“Ние сме тим од посветени професионалци.
Креираме креативни решенија за Вашиот дом.”


АСД Профил е компанија која се занимава со изработка на сериски мебел и мебел по мерка која датира од 1990 година. Седиштето на фирмата се наоѓа  во Скопје, Р. Македонија. 

Професионален и обучен кадар

Во тек на целиот процес на изработка на мебелот ќе бидете поврзани со професионален, обучен кадар. Располагаме, од самиот почеток, со дизајнери за мебел и ентериер кои ќе ви помогнат околу решавање на уредувањето на ентериерот како и при избор на бои и материјали.

3Д Визуелизација

После земени мерки на просторот со специјална апаратура за мерење добивате 3Д цртеж на секоја позиција со тоа што вашите идеи ќе ги претвориме во точен реален цртеж.

Испорака и монтажа

Нашите монтерски тимови ќе ви го достават и монтираат мебелот исклучиво во договорениот временски период. Ќе биде изведена професионална монтажа на производите од нашите искусни тимови за монтажа.

Изработка на мебелот

АСД има целосно своја изработка на мебелот со тоа што располага со: најсофистицирани и најсовремени сопствени машини за кроење, кантирање, бушење и сите други потребни машини за изработка. Располага и зо фарбара, сопствени возила итн.

Нашиот тим се шири

Имаме потреба од повеќе работни позиции. 
Доколку сте столар, фарбар, монтер на мебел или имате желба да се усовршувате во оваа струка може да нѐ контактирате.